fog - онтологија

задумани повеќе

(се) задуманат
Вид збор: Глагол, свршен
Се крене облак од прав, се запраши.
Турски: duman
Примери:
Се задумани од силниот ветар.

замагли повеќе

замаглат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, прекрие со магла.
Албански: mjegull
Примери:
Маглата што падна вчера го замагли градот.

магла повеќе

мн. магли
Вид збор: Именка, женски род
Згусната водена пареа што се создава ниско во атмосферата и ја намалува видливоста.
Албански: mjegull
Примери:
Од густата магла не можеше да си го најде патот за дома.
Нешто што пречи за да се видат јасно нештата, нејаснотија, темнина.
Албански: mjegull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Магла ми е пред очите.

маглоса повеќе

(се) маглосаат
Вид збор: Глагол, свршен
замагли
Албански: mjegulloj
Примери:
Небото се маглоса.