запраши
запрашат; запрашил; запрашен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 30614
1.
Покрие, потури со прав; крене прав.
Англиски:
dust
Албански:
fshij pluhurin
Таа го запраши замрзнатиот двор со пепел.
Автомобилите го запрашија воздухот.
2.
За земја, насад - посипе со прашок заради уништување на штетни инсекти.
Примери:
Отидоа да го запрашат лозјето.
3.
Ископа, скопа со прашалка.
Албански:
rrëmoj
Денес ќе го запрашиме кромидот, а утре пченката.