follow - онтологија

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Следи некого во нешто, работи, постапува како некој.
Албански: ndjek
Примери:
Оди по примерот на својот учител.

пала повеќе

палаат
Вид збор: Глагол, несвршен
следи
Примери:
Ние ги паламе тие работи поарно.

последува повеќе

последуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне по некого веднаш или пак по некое време.
Примери:
Му даде знак со раката да го последува и излезе.
Дејствува согласно со нешто, по примерот на некој друг.
Примери:
Тој реши да го последува неговиот пример.
Следи, се појави по нешто или како резултат на нешто.
Примери:
Посегна да ја земе книгата, но тогаш последува вториот удар.

проследи повеќе

Види и: следи (несв.)
проследат
Вид збор: Глагол, свршен
Следи до крај, изгледа, ислуша.
Албански: përcjell deri në fund
Примери:
Учениците ја проследија претставата внимателно од почетокот до крајот.

следи повеќе

следат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди по некого или по нешто.
Албански: ndjek
Примери:
Тој ја следи насекаде.
Се интересира за одот, развојот на нешто.
Албански: ndjek
Примери:
Го следи печатот.
Проследува определен период, посматра некаков настан определено време.
Примери:
Лекарот ја следи болеста веќе една година.
следува
Примери:
По овој настан следеше изненадување.

следува повеќе

следуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи, се наоѓа непосредно по нешто.
Албански: pasoj, vjen
Примери:
По првиот напад следуваше втор, трет.
Произлегува од нешто, се јавува како последица.
Албански: rrjedh, vijon
Примери:
Од тоа следува дека треба да работиш уште повеќе.
припаѓа, се полага
Албански: takon
Примери:
Му следува по функцијата.

трча повеќе

трчаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди по некого, сака некого.
Албански: ndjek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој трча по неа, а таа не го сака.

угледа повеќе

угледаат
Вид збор: Глагол, свршен
следи пример
Примери:
Угледај се на него, тој е добар пример.

уследи повеќе

Види и: следи (несв.)
уследат
Вид збор: Глагол, несвршен
Што се случи после нешто.
Албански: vijon, pason
Примери:
Кај нас уследи продажба на телекомуникациите, па потоа на профитабилните компании.
Се јави како резултат на нешто.
Албански: vijon
Примери:
После првиот потрес уследи пожар.