трча
трчаат; трчи; трчал; трчечки
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 742
1.
Оди многу брзо со посебен чекор.
Англиски:
run
Албански:
vrapoj, ngaj
Трчав цел час.
Трча со сета сила.
Тој трча колку што може и не може.
2.
Оди, заминува брзо за некаде по нешто.
Англиски:
leave
Албански:
shkoj, ngaj
Трчај купи нешто за јадење.
Слично со:
оди (несв.)
3.
Брза да сврши некаква работа, да направи, да постигне нешто.
Примери:
Сакаш да се жениш, знам, но чекај уште малку, не трчај, и тоа ќе биде.
Слично со:
брза (несв.)
4.
Оди, разодува по различни установи, луѓе за да сврши, да среди некоја работа.
Примери:
Цел ден трчам по канцеларии и уште не сум ја свршил работата.
5.
Оди по некого, сака некого.
Примери:
Тој трча по неа, а таа не го сака.