а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

следи

следат; следи, следел; следиме; следеле; следен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 593
1. Оди по некого или по нешто.
Англиски: follow Албански: ndjek
Примери:
Тој ја следи насекаде.
Гостилничарот го следел гостинот до собата.
Песот го следел крадецот.
Сè до бродот некој постојано ќе ве следи во чекор.
Ја следеше сè до мостот.
2. Набљудува нешто што се движи.
Англиски: observe Албански: vëzhgoj
Примери:
Бебето го следи движењето на мајката.
Го следи со поглед.
Тој ден го следеше движењето на едно јато риби.
3. Набљудува дејност на некого.
Англиски: observe Албански: vërej
Примери:
Бегајте, нè следат.
4. Се интересира за одот, развојот на нешто.
Англиски: follow Албански: ndjek
Примери:
Го следи печатот.
Не ги следи најновите достигања на науката.
Поетот го следи примерот на народната песна.
5. Се угледува на некого, на нечии постапки.
Англиски: imitate
Примери:
Примерот на тоа село наскоро ќе го следат и околните села.
Во однесувањето на децата тој го следеше својот учител.
6. Оди по трага на човек или животно.
Англиски: track
Примери:
Ловџиите ја следеле трагата на волкот додека не го убиле.
7. Проследува определен период, посматра некаков настан определено време.
Англиски: follow up
Примери:
Лекарот ја следи болеста веќе една година.
8. Покажува интерес, грижа, држи под внимание некого или нешто.
Англиски: observe
Примери:
Тој го следеше осамостојувањето на својот син.
9. следува
Англиски: follow
Примери:
По овој настан следеше изненадување.
По завршувањето на основното образование следи средното.