Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика, внесе страв кај некого, се закани некому.
Примери:
Доаѓањето на војската ги заплаши селаните.
Претставува опасност, можност за појава на нешто лошо.
Примери:
Сушата ги заплаши земјоделците.
(се заплаши) Го фати страв од нешто; се исплаши, се престраши.
Примери:
Тој не се заплаши од нивните закани.
застрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика страв, исплаши некого.
Примери:
Работници беа застрашени дури и од помислата да ги бараат своите права пред суд!
(се застраши) се исплаши
Примери:
Таа се застраши од кучето.
исплашат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика чувство на страв кај некого.
Примери:
Мачката ја преврте саксијата и ме исплаши.
Се исплаши, почувствува страв.
Примери:
Се исплашив од гневот и омразата во неговите очи.
плашат
Вид збор: Глагол, несвршен
Задава страв.
Српски:
плашити
Албански:
frikësoj, tremb
Бугарски:
плаша
Примери:
Мене ли ќе ме плашиш?
Вид збор: Глагол, свршен
Заплаши, застраши некого малку, во некоја мера, донекаде.
Примери:
Ги подзаплашија селаните да не се бунат.
(се подзаплаши) Се исплаши малку, донекаде.
Примери:
По тој настан, децата се подзаплашија.
Вид збор: Глагол, свршен
Исплаши малку, донекаде.
Примери:
Го подисплаши детето да не оди ноќе сам по шумата.
(се подисплаши) Се исплаши малку, донекаде.
Примери:
Се подисплашив тогаш дека ќе паднам во водата.
подуплашат
Вид збор: Глагол, свршен
Уплаши некого малку, во некоја мера.
Примери:
Го подуплашија џандарите дека ќе го затворат, па кажа сѐ.
Вид збор: Глагол, свршен
Заплаши малку.
Примери:
Пејо го познаваше генералот, малку се позаплаши од заканите.
Вид збор: Глагол, свршен
(се поисплаши) Се исплаши малку.
Албански:
frikësohem, trembem
Примери:
Тој се поисплаши кога ги виде.
(се) препалат
Вид збор: Глагол, свршен
Се уплаши многу.
Примери:
Се препали од волкот на патот.
преплашат
Вид збор: Глагол, свршен
Многу уплаши некого.
Примери:
Ме преплаши до смрт.
(се преплаши) Се уплаши од некого или нешто.
Албански:
frikësohem, trembem
Примери:
Се преплашив, ќе добиев срчен напад!
престрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да престане да се плаши; ослободи некого од страв.
Примери:
Многу се плашеше од настапот, но силниот аплауз го престраши.
(се престраши) Престане да се плаши, се ослободи од стравот.
Албански:
lirohem nga friga
Примери:
Тој се престраши и полека тргна кон ридот.
(се престраши) Се исплаши многу.
Примери:
Од таа глетка толку се престрашив и ноќе се будам од сон.
смрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
се исплаши, се скочани
Примери:
Учениците смрзнаа кога го видоа.
стравуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исполнет е со страв или грижа.
Српски:
страховати
Албански:
frikësoj
Бугарски:
страхувам
Примери:
Таа вели дека постојано стравува за животот на своите две деца.
(се) страшат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) плаши
Примери:
Луѓето се страшат од неа.
(се) убојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) исплаши
Примери:
Турците не се убојале од светците.
(се) убојуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
ужасат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да почувствува ужас.
Албански:
tmeroj, frikësoj
уплашат
Вид збор: Глагол, свршен
исплаши, престраши
Албански:
frikësoj, tremb
Примери:
Ме уплаши.
(се уплаши) се исплаши, се престраши
Албански:
frikësohem, trembem
Примери:
Многу (силно) се уплашив.