смрзне
смрзнат; смрзнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14378
1.
Се претвори во мраз од студ; се покрие со кора од мраз.
Примери:
Смрзнала водата.
И реките ќе смрзнат.
2.
истине, измрзне
Англиски:
catch a cold
Албански:
zbehet
Ќе смрзнат децата надвор без палта.
Слично со:
истине (св.)
3.
Повреди некој дел од телото под дејството на студот; умре од голем студ.
Примери:
Во војната му смрзнале прстите на нозете.
Смрзнал само еден старец.
4.
се исплаши, се скочани
Примери:
Учениците смрзнаа кога го видоа.
(разг.) Му смрзна крвта во жилите.
Слично со:
скочани (св.)
5.
Направи нешто да се заледи.
Примери:
Смрзни го месото да не се расипе.
Нѐ смрзна без печка во собава.
Слично со:
заледи (св.)
6.
Направи некој да се смрзне (обично од страв).
Примери:
Дојде тој и ги смрзна.