genius - онтологија

гениј повеќе

мн. гении
Вид збор: Именка, машки род
Човек со исклучителни способности, посебно надарен човек, голем талент, човек со голема дарба.
Албански: gjeni
Дарба, талент, способност, творечки дух.
Албански: gjeni
Примери:
Бил свесен дека ќе му помогне само неговиот гениј, моралот и верата.

генијалец повеќе

Види и: гениј (м.)
мн. генијалци
Вид збор: Именка, машки род
гениј
Примери:
Ете така нашите генијалци човековата еволуција и целиот жив свет од милијарди години ја сместија во шоу.

гигант повеќе

мн. гиганти
Вид збор: Именка, машки род
Човек со вонредни способности.
Албански: gjeni
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие беа двајца гиганти по остроумност, финост и ревност.