giant - онтологија

бабачко повеќе

мн. бабачковци
Вид збор: Именка, машки род
Човечиште, крупен и силен човек.
Турски: babaçko
Употреба: Разговорно
Примери:
За да биде работата уште повесела, покрај кафезот седеа тројца бабачковци со машински пушки.

балабан повеќе

мн. балабани
Вид збор: Именка, машки род
висок, крупен човек
Турски: balaban
Употреба: Архаизам
Примери:
Го врзаа балабанот во синџири.

великан повеќе

мн. великани
Вид збор: Именка, машки род
Човек со исклучително ценети духовни особини, кој извршил големо влијание врз човештвото; значаен, познат, голем човек.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Рацин спаѓа меѓу великаните на македонскиот народ.

гигант повеќе

мн. гиганти
Вид збор: Именка, машки род
Човек, живо суштество, растение со голем раст, предмет со големи размери.
Албански: gjigant
Примери:
Од другите двајца едниот беше како гигант, а другиот како кепец.
Што е голем по своите размери (претпријатие, фабрика, брод).
Албански: gjigant
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Стопански гигант.

жбитак повеќе

Види и: џбитак (м.)
мн. жбитаци
Вид збор: Именка, машки род
џбитак

исполин повеќе

мн. исполини
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е невообичаен по својата големина, сила, храброст, упорност и сл.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Пред него се покажа еден исполин.

киклоп повеќе

мн. киклопи
Вид збор: Именка, машки род
Човек со голем раст и голема сила.
Албански: kiklop, gjigant
Употреба: Преносно значење

стробјак повеќе

мн. стробјаци
Вид збор: Именка, машки род
човечиште

стропјак повеќе

Види и: стробјак (м.)
мн. стропјаци
Вид збор: Именка, машки род
стробјак

џбитак повеќе

мн. џбиатци
Вид збор: Именка, машки род
Крупен, набиен, јадар човек.
Примери:
Ама го гледаш колкав џбитак е.

џин повеќе

мн. џинови
Вид збор: Именка, машки род
Див, колос, со огромен раст.
Турски: cin Албански: vigan, kolos
Примери:
Џинот кога одел толку бил висок што морал со сабјата да ги сече за да помине.

џинче повеќе

Види и: џин (м.)
Вид збор: Именка, среден род
џин
Употреба: Деминутив