gift - онтологија

дар повеќе

мн. дарови
Вид збор: Именка, машки род
Она што по своја волја се дава некому.
Албански: dhuratë
Примери:
Срцето ѝ го ветил за дар.

дарба повеќе

мн. дарби
Вид збор: Именка, женски род
дар, подарок
Албански: dhuratë
Употреба: Архаизам , Дијалектен збор
Примери:
Девојче дарба даруваше, даруваше секого по китка.

даровина повеќе

мн. даровини
Вид збор: Именка, женски род
Дарови што ѝ ги носат сватовите на невестата.

даровница повеќе

мн. даровници
Вид збор: Именка, женски род
дар
Албански: dhuratë

пешкеш повеќе

мн. пешкеши
Вид збор: Именка, машки род
дар, подарок
Турски: peşkeş
Употреба: Архаизам
Примери:
(нар. поез.) Браќа ти дошле, пешкеш ти донесле.

пештеж повеќе

Вид збор: Именка, машки род
пешкеш

подарок повеќе

мн. подароци
Вид збор: Именка, машки род
Предмет или друга вредност што се дава некому без надоместок.
Албански: dhuratë, peshqesh
Примери:
Роденденски подарок.

проводија повеќе

мн. проводии
Вид збор: Именка, женски род
Подарок во пари на невеста или на новороденче.
Примери:
Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.

раун повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
свадбени дарови
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Како раун зетот доби везена кошула.

руба повеќе

(едн.) рубата
Вид збор: Именка, женски род
Обичај во некои краеви во Македонија – 7 дена пред свадбата роднините и пријателите на невестата одат кај младоженецот со подароци.
Албански: çeiz, dhuratë
Употреба: Дијалектен збор