grape - онтологија

грозд повеќе

мн. гроздови
Вид збор: Именка, машки род
Плод на виновата лоза составен од повеќе зрна закачени на дршка.
Албански: kalavesh rrushi
Примери:
Лозјето тежеше од големите гроздови.

гроздов повеќе

гроздовиот
Вид збор: Придавка
Што е направен од грозје.
Албански: rrushi
Употреба: Гастрономија
Примери:
Гроздова ракија.

грозје повеќе

мн. грозја
Вид збор: Именка, среден род
Плод на виновата лоза.
Албански: rrush
Употреба: Ботаника , Гастрономија
Примери:
На пазарите имаше изобилство од црно и од бело грозје.
Растенија со плод или цвет слични на грозје.
Албански: hardhi
Употреба: Ботаника
Примери:
Диво грозје - боровинка (Vaccinium myrtillus).

лисичина повеќе

мн. лисичини
Вид збор: Именка, женски род
Вид грозје со жолта или црвеникава боја.
Албански: lloj rrushi
Употреба: Ботаника

мускат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид мирисно грозје.
Латински: Muscat Албански: lloj rrushi, muskat
Употреба: Ботаника

ружица повеќе

мн. ружици
Вид збор: Именка, женски род
Вид грозје и вино од него.
Албански: greip, grapa
Употреба: Ботаника

синамбељ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вид грозје
Албански: lloj rrushi, grapë
Употреба: Архаизам , Ботаника
Примери:
(нар. поез.) Да ми набереш два грозда грозје,/ два грозда грозје два синамбеља.

стрношина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид црно грозје (расте по присој).
Албански: lloj rrushi i zi
Употреба: Ботаника , Земјоделство

хамбург повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид на винова лоза и грозје.
Албански: lloj rrushi, hamburg
Употреба: Ботаника

чикер повеќе

мн. чикери
Вид збор: Именка, машки род
грозд
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
чикер грозје