Ботаника - категорија

хазмофит повеќе

мн. хазмофити
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Растенија со јаки корења што живеат врз варовни карпи, меѓу карпести пукнатини и камења.
Англиски: chasmophyte

хамбург повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид на винова лоза и грозје.
Англиски: grape Албански: lloj rrushi, hamburg

хелвела повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид печурка.
Латински: Helvella Англиски: elfin saddle Албански: lloj këpurdhe, helvela

хелда повеќе

мн. хелди
Вид збор: Именка, женски род
Житно растение чиишто зрна се користат за правење брашно или како сточна храна.
Латински: Fagopyrum esculentum Англиски: buckwheat
Примери:
безглутенско брашно од хелда

хелиотропизам повеќе

хелиотропзмот
Вид збор: Именка, машки род
Својство на некои растенија да се вртат кон изворот на светлината.
Англиски: heliotropism Албански: heliotropizëm

хербариум повеќе

мн. хербариуми
Вид збор: Именка, машки род
Збирка на засушени и пресувани растенија што служи за учење на ботаника.
Англиски: herbarium Албански: herbarium

хибридизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вкрстување на различни видови растенија или животни за да се добијат нови, поквалитетни видови.
Англиски: hybridize Албански: hibridizim

хининов повеќе

хининово
Вид збор: Придавка
кининов
Англиски: quinine Албански: kinini
Примери:
Хининово дрво.

хлорофил повеќе

(едн.) хлорофилот
Вид збор: Именка, машки род
Материја што им дава зелена боја на растенијата и од чие присуство зависи нивната способност да го асимилираат јагленородниот диоксид од воздухот.
Англиски: chlorophyll Албански: klorofil

хмелен повеќе

хмелни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хмељ.
Албански: sumbullareje
Примери:
Хмелно брашно.

хмељ повеќе

(едн.) хмељот
Вид збор: Именка, машки род
Вид растение што се употребува во пиварството.
Латински: Humulus lupulus Англиски: hop Албански: sumbullare
Примери:
Одгледување хмељ.

хортензија повеќе

мн. хортензии
Вид збор: Именка, женски род
Растение со големи цветови.
Латински: Hydrangea macrophylla Англиски: hydrangea Албански: lulebore

хризантема повеќе

мн. хризантеми
Вид збор: Именка, женски род
Есенско цвеќе со големи китки.
Латински: Chrysanthemum indicum Англиски: chrysanthemum Албански: krizantemë
Примери:
букет од хризантеми
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш