gush - онтологија

блика повеќе

бликаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество.
Албански: shpërthen, rrëken
Примери:
Меѓу камењата блика чиста вода.
Се изразува, се пројавува со голема сила, во голема мера.
Албански: shpërthen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од борците бликаше силна верба.

бликне повеќе

бликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно избие; се пројави наеднаш.
Албански: shpërthen
Примери:
Житата и цвеќето само што не бликнале.

блиска повеќе

блискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се излева силно.
Албански: rrjedhë, vërshoj
Примери:
Крвта блиска како бразда.

брзга повеќе

брзгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прска, брзо тече во кратки струи.
Примери:
Водата брзга на сите страни.

брзне повеќе

брзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Протече кратко и брзо.
Албански: shpërthen
Примери:
Од устата му брзна крв.

вири повеќе

вират
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира вода или друга течност во вид на вир, прави вир.
Албански: mbledh
Примери:
Под карпава вири.
Се вири, се собира вода во вдлабнатина, се прави вир.
Албански: papërmbajtur
Примери:
Тука водата се вири.

грга повеќе

гргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тече силно, обилно истекува.
Примери:
Од чешмата гргаше вода.

гргне повеќе

гргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Истече наеднаш, во големо количество.
Примери:
Од главата му гргна крв.

заблика повеќе

забликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блика.
Примери:
Од носот му заблика крв.

заблиска повеќе

Види и: блиска (несв.)
заблискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блиска.
Примери:
Заблиска со водата уште посилно.

завири повеќе

завират
Вид збор: Глагол, свршен
(се завири)
Албански: vërshon, teptis
Примери:
Многу вода натекла, дури се завирило.

изблика повеќе

Види и: блика (несв.)
избликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истече силно, во големо количество.
Албански: shpërthej, derdh
Примери:
Од неговиот нос изблика крв.

избликне повеќе

избликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Потече силно, наеднаш.
Албански: shpërthej, derdh
Примери:
Од чешмата наеднаш избликна студена вода.

извира повеќе

извираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Надоаѓа во голем број, многу.
Албански: buron, del
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од срцето ми извираа безброј песни.

липа повеќе

липаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тече, се лее силно, изобилно.
Примери:
Крвта му липаше од телото.

навири повеќе

навират
Вид збор: Глагол, свршен
Насобере вода на едно место, направи вир.
Албански: mbledh, akumuloj
Употреба: Безлично
Примери:
Почекавме да се навири вода во кладенчето.

разблика повеќе

разбликаат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода, течност - блика, истекува со силен интензитет, во големо количество.
Примери:
Водата разблика од пукнатината на браната.

разбликне повеќе

разбликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Бликне, потече со силен интензитет, во големо количество.
Примери:
Водата разбликнала од пукнатината.

рукне повеќе

рукнат
Вид збор: Глагол, свршен
За течност - почне да течe силно.
Албански: rrjedh
Примери:
Кога рукна вода од чешмата.

џрџне повеќе

џрџнат
Вид збор: Глагол, свршен
гргне, истече

штрека повеќе

штрекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За вода, течност, излегува шумно.
Албански: buron
Примери:
Од дупката штрекаше вода.

штрекне повеќе

штрекнат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода, течност - шумно извира, излегува.
Албански: buron
Примери:
Гризи денеска, гризи утре, дури го дупна ковчегот, и туку штрекна вода од дупката во ковчегот.

шурне повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
бликне
Примери:
Шурна крв.

шурнува повеќе

Види и: шурне (св.)
шурнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
шурне

шурти повеќе

шуртат
Вид збор: Глагол, несвршен
блика
Примери:
Од сите страни на чешмата шуртеше бистра вода.