а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прсне

прснат; прсни, прснете; прснав, прснаа; прснал, прснат; прснев, преснеа; преснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5350
1. Наводени со ситни капки течност, најчесто вода, малку распрсне нешто или на некого.
Англиски: sprinkle Албански: spërkat
Примери:
Тој прсна неколку пати на местото каде што требаше да малтерисува.
Таа прсна со спрејот да ја освежи просторијата.
2. Се скрши со прскот.
Англиски: shatter Албански: thyej
Примери:
Од топлата вода чашата прсна.
При падот коската прснала.
3. Се распадне со силен звук, со прскот.
Англиски: crash Албански: përplas
Примери:
Некаде прсна бомба.
Прсна белата ракета и го осветли небото.
4. Искокне и падне негде или на нешто со прскот.
Албански: përplas
Примери:
Капка вар му прсна на раката.
Жарче ми прсна од мангалот на подот.
Прснала искра и ги запалила волнените веленца.
5. Нагло почне некое дејство.
Албански: befas
Примери:
Крадецот прсна да бега.
Прсна во (од) смеење.
6. (се прсна) Се растури на многу страни, разбега.
Англиски: spray Албански: shpartalloj
Примери:
Се прснавме на разни страни по планината.
Изведенки
1. прснува несв.
(се) прснуваат
2. прснување ср.
глаг. им.