harm - онтологија

беља повеќе

мн. бели
Вид збор: Именка, женски род
зло, несреќа, штета
Турски: bela
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе стане некоја беља ноќеска или утре.

ѓаволи повеќе

ѓаволат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави ѓаволски работи, прави зло.
Албански: djallëzoj

зијани повеќе

зијанат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи штета некому.
Албански: bën zijan, bën dam
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе те зијанам една ракија.

напакости повеќе

напакостат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некому пакост, нешто лошо.
Примери:
Чувај се од него, може да ти напакости нешто.

наштети повеќе

Види и: штети (несв.)
наштетат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи штета, штетно се одрази на нешто.
Примери:
Hа дрвцата не им наштети многу ненадејниот студ.

пакост повеќе

мн. пакости
Вид збор: Именка, женски род
штета
Албански: dëm
Примери:
Мечката правела големи пакости.

пакости повеќе

пакостат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чини некому штета.
Албански: dëmtoj
Примери:
Си беше мирен, никому не му пакостеше.

спакува повеќе

Види и: пакува (несв.)
спакуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли нешто лошо некому, напакости.
Албански: dëmtoj
Примери:
Не знаеше кој му го спакувал тоа.

урвокос повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пакост, зло
Примери:
Колку за урвокос.

штети повеќе

штетат
Вид збор: Глагол, свршен
(со директен предмет) Причини, нанесе штета.
Употреба: Разговорно
Примери:
Го штетивме човекот.

штети повеќе

штетат
Вид збор: Глагол, несвршен
Причинува штета.
Примери:
Тоа му штети на здравјето.