harvest - онтологија

берба повеќе

мн. берби
Вид збор: Именка, женски род
Берење, собирање плодови, тутун, дрва и сл.
Албански: vjelje
Употреба: Земјоделство
Примери:
Оваа година имаше берба на шипинки во селото.

добере повеќе

Види и: бере (несв.)
доберат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со берењето.
Албански: vjel, mbledh
Примери:
Го добравме грозјето.

дообере повеќе

Види и: обере (св.)
дооберат
Вид збор: Глагол, свршен
Обере нешто до крај.
Примери:
Ги дообравме и последните плодови од градината.

жетва повеќе

мн. жетви
Вид збор: Именка, женски род
Жниење и собирање на житото.
Албански: koorje
Употреба: Земјоделство
Примери:
Ќе одиме на жетва.
Време на жетвените работи.
Албански: korrje
Примери:
Тоа беше по жетвата.

жнее повеќе

жнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реже житни стебла, собира, сече жито со срп или со земјоделска машина.
Албански: korr
Употреба: Земјоделство
Примери:
Жетварките жнееја јачмен.

жние повеќе

Види и: жнее (несв.)
жнијат
Вид збор: Глагол, несвршен
жнее

зажние повеќе

зажнијат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жние.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Селаните го зажнија житото.

наджние повеќе

Види и: наджнее (св.)
наджнијат
Вид збор: Глагол, свршен
Ожние повеќе од некого, натпревари некого во жниење.
Употреба: Земјоделство

нажнее повеќе

нажнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Ожние определено количество, доволно или многу.
Албански: korr mjaft
(се нажнее) Ожние многу, до задоволување, до измореност.
Албански: korr shumë

нажние повеќе

Види и: нажнее (св.)
нажнијат
Вид збор: Глагол, свршен
нажнее

обере повеќе

оберат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере плодови, растенија или делови од нив со кинење, тресење и сл.
Албански: mbledh, vjel
Примери:
Ноќеска некој ги обрал црешите во бавчата.

ожнее повеќе

Види и: жнее (несв.)
ожнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши жнеење житни стебла, собере жито од нива.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Годинава рано го ожнеаја житото.

ожние повеќе

Види и: ожнее (св.)
ожнијат
Вид збор: Глагол, свршен
ожнее
Употреба: Земјоделство

пожнее повеќе

Види и: жнее (несв.)
пожнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Жнее малку, кратко време.
Албански: korr pak
Употреба: Земјоделство

пожнива повеќе

Види и: пожние (св.)
пожниваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пожние, жние

пожние повеќе

Види и: жние (несв.)
пожнијат
Вид збор: Глагол, свршен
жние

разжнее повеќе

(се) разжнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне поинтензивно да жнее.
Примери:
Кога се разжнеа, нивата беше брзо готова.

разжние повеќе

Види и: разжнее (св.)
(се) разжнијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) разжнее