грабаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брзо оди.
Примери:
Децата грабаа по патот.
затрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затрча) Се засили; почне силно да трча.
Примери:
Едно дете се затрча по удолницата, за малку не падна.
побрзаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто без чекање, избрза во нешто.
Примери:
Побрза да се пофали.
Вид збор: Глагол, свршен
Се затрча, се истрча, направи нешто премногу бргу без да размисли.
Примери:
Веднаш се подзатрча со гласањето, без да размислат за последиците.
трчаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брза да сврши некаква работа, да направи, да постигне нешто.
Примери:
Сакаш да се жениш, знам, но чекај уште малку, не трчај, и тоа ќе биде.