Вид збор: Глагол, свршен
Успее да долови со слухот, да чуе нешто.
Примери:
Јас дослушав некаква врева во дворот.
Вид збор: Глагол, свршен
Чуе со напор, чуе слабо.
Примери:
Се обидуваше да го дослушне нивниот разговор.
Вид збор: Глагол, несвршен
слуша, чуе
Примери:
Негирано - не слуша добро, наглув е.
(Не ми, ти, му... се дослушува) Не можам да слушам добро, наглув сум.
Примери:
Не ми се дослушува сѐ што зборувате.
дочујат
Вид збор: Глагол, свршен
Успее да чуе.
Примери:
Дочу една позната свирка.
заслушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Наеднаш, во еден момент чуе нешто.
Примери:
Тој како да заслушна женско плачење.
зачујат
Вид збор: Глагол, свршен
Слушне оддалеку, нејасно.
Примери:
Шумарот зачу рикање на елен.
(се зачуе) Се слушне оддалеку, нејасно.
Примери:
Некаде се зачу тупотење.
ислушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Сослуша до крај (предавање, раскажување, концерт).
Албански:
dëgjoj, përcjell
Сослуша некого или повеќемина што зборуваат, што прашуваат и сл.
Примери:
Ја ислушав внимателно.
наслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Чуе, cлушне многу нешта, многу работи.
Примери:
За него што не наслушав, ама се било лага.
начујат
Вид збор: Глагол, свршен
Чуе, потчуе нешто несигурно, непотврдено.
Албански:
dëgjoj, përgjoj
Примери:
Начув дека ја свршиле ќерката, ама којзнае дали е вистина.
послушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Слуша малку, кратко време.
Примери:
Таа застана на прозорецот да ја послуша песната на птиците.
разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Узнае мисли, намери, погледи, зборови, постапки на некого.
Примери:
Разбрав дека сте биле вчера на излет.
слушаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прима со слух гласови или звучи.
Српски:
слушати
Албански:
dëgjoj
Бугарски:
слушам
Примери:
Слушаше како пеат пилињата.
Има слух.
Примери:
Слабо слушаше стариот.
Знае по слушање, има податоци.
Примери:
Слушам дека си бил во странство.
(се слуша) Прима со слух свои снимени предавања, изведби и сл.
Примери:
Се слушаше и се анализираше.
Вид збор: Глагол, свршен
Разбере, дознае нешто.
Примери:
Долго време не сме слушнале за него.
Изврши лекарски преглед со слушалки, обично срце и белите дробови.
Примери:
Го слушна докторот, да не има бронхитис.
ислуша, дослуша
Примери:
Не сакаше ни да ме слушне.
сослушаат
Вид збор: Глагол, свршен
ислуша
Албански:
ndëgjoj
Употреба:
Ретко
Примери:
Не сакаше ни да го сослуша.
услишат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе во пресрет на барање или молба.
Примери:
Молбата беше услишана, граѓаните дадоа согласност.
учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(со предмет) Учи напамет, повторува за да запомни.
Примери:
Ја учам својата најнова улога.
(со предмет) узнава, дознава
Примери:
Од каде ги учиш овие новини?
чујат
Вид збор: Глагол, свршен
Со слух прими звуци.
Српски:
чути
Албански:
dëgjoj
Бугарски:
чувам
Примери:
Ја чу ли трубата?
(како изв.) чуја! За одѕив на викање.
(се чуе) Се долови со слухот.
Примери:
Во далечината се чу коњски топот.