бакарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почитува, цени некого или нешто.
Примери:
Воопшто не ме бакари.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Со додатокот Ваша, при обраќање кон личност од висок ранг.
Примери:
Ваша висост.
забакарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бакари.
Примери:
Не ја забакарил работата како што треба.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
почитување, чест
Примери:
Среќен човек, сите му правеа икрам - го почитуваа и го слушаа.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
чест, почитување
Примери:
Ќе ти држам ифтибар, како да не!
мн. метании
Вид збор: Именка, женски род
Голема чест за некого, претерана грижа и иcполнување желби, обично за некој големец.
Примери:
На директорот сите му правеа метании.
наградат
Вид збор: Глагол, свршен
Додели, даде награда.
Примери:
Најмладиот учесник во натпреварот го наградија со посебна награда.
мн. намузи
Вид збор: Именка, машки род
образ, чест, чесност
Примери:
Сиромаси биле, ама намузот си го чувале.
мн. образи
Вид збор: Именка, машки род
чест, здобиена почит
Примери:
Тој е човек без образ.
одликуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде некому признание, награда.
Примери:
Овој наш писател го одликуваа со највисокото државно признание.
мн. одличија
Вид збор: Именка, среден род
одликување
Албански:
çmim, shpërblim
Употреба:
Архаизам
Примери:
Ви го честитам високото одличје.
мн. почести
Вид збор: Именка, женски род
Јавно изразена чест или признание.
Примери:
Претседателот беше пречекан со највисоки државни почести.
почестат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаже почит, почест.
Примери:
Тој не почести со неговото присуство.
(едн.) почитта
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на уважување кон некого.
Албански:
respekt, nderim
Примери:
Чувствувам длабока почит кон тебе.
почитуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува, изразува почит.
Албански:
nderoj, respektoj
Примери:
Многу ве сакам и ве почитувам.
слават
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некого славен, истакнува нечија вредност.
Албански:
feston, kremton
Примери:
Го славеле како голем мајстор.
удостојат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже достоинство кон некого со нешто.
Вид збор: Глагол, несвршен
укажат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Даде чест, почит.
Примери:
Му укажаа голема почит.
хонорираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Оддаде, оддава почест.
Албански:
honoroj, shpërblej
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) честа
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност од морални особини, сврзани со достоинството на човека, со неговото добро име во општеството.
Примери:
Изгуби чест.
Пројава на особено внимание, почит, признание.
Примери:
Тоа е за мене голема чест. Смета за чест.
честат
Вид збор: Глагол, несвршен
Укажува чест.
Албански:
nderoj, respektoj
Примери:
Тебе сите те честат.