imagine - онтологија

види повеќе

видат
Вид збор: Глагол, свршен
(се виде) Му се стори, му се причини дека нешто се случило или дека ќе се случи.
Албански: imagjinon
Употреба: Безлично
Примери:
Му се виде полесно.

вообрази повеќе

вообразат
Вид збор: Глагол, свршен
Претстави, замисли, измисли нешто што не постои.
Албански: imagjinoj
Примери:
Тој вообразил дека е најдобар спортист во градот.

замисли повеќе

Види и: мисли (несв.)
замислат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде претстава за некого или за нешто.
Албански: imagjinoj
Примери:
Tаа не можеше да си го замисли животот без него.
(се замисли, обично несв.) Создаде некаква претстава за себеси.
Албански: imagjinoj
Примери:
Тој се замислуваше себеси како водач.

имагинира повеќе

имагинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Си создава слика, претстава за нешто, замислува, измислува.
Примери:
Се имагинираат слики за себе и за другите, а потоа тие слики се идеологизираат.

мисли повеќе

мислат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мисли) Се замислува, вообразува.
Албански: imagjinon
Примери:
Се мисли дека е којзнае кој.

претстави повеќе

претстават
Вид збор: Глагол, свршен
(си претстави) Си замисли, си создаде слика во мислите.
Албански: imagjinoj
Примери:
Можете ли да си претставите каков јунак е тој?

слика повеќе

сликаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Претставува во мислите.
Албански: imagjinon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си ја сликаше во фантазијата средбата со неа.
(се слика) Се претставува во фантазијата.
Албански: imagjinatë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во мислите му се сликаше татковиот дом.

смета повеќе

сметаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се смета) Се прима како нешто; се мисли, се претполага.
Албански: imagjinoj
Примери:
Се смета дека е многу добар.

стори повеќе

сторат
Вид збор: Глагол, свршен
Помисли нешто за друго или некого за друг.
Албански: mu bë, mu duk
Примери:
Те сторив дека си Петко.

чини повеќе

чинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Замислувајќи се себе си, сметајќи се себе си.
Албански: imagjinoj, supozoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Се чинел поумен од другите.