види
видат; видете; видов, виде; видовме, видиме, видиш, видоа; виден; видев, видеа; видел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 84
1.
Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид.
Примери:
Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото.
На саемот виде многу нови производи.
Од ридот го видоа езерото.
Слично со:
гледа (несв.)
2.
Здогледа, забележи некого или нешто.
Примери:
Видовме како идат сватови.
Тој нè виде кога влегувавме.
На патот виде две жени.
4.
доживее, почувствува
Англиски:
experience
Албански:
përjetoj
Кај си видел ваква убавина!?
Што мака виде од мене?
Од мојот имот јас никаква корист не сум видел.
Слично со:
доживее (св.)
6.
увиди, разбере, сфати, најде, согледа
Примери:
Видов дека со плачење не бидува ништо.
Тогаш видов дека така не може.
7.
Дознае, разбере нешто.
Примери:
Видете што се случува надвор.
Само да видиш какви златни деца се.
Слично со:
дознае (св.)
8.
проследи, разгледа
Примери:
Сега ќе видиме како ќе се одрази тоа на работата.
Слично со:
разгледа (св.)
9.
(се виде) Се опфати себеси со сетилото за вид.
Примери:
Се виде во огледало.
10.
(се виде) Се сретне, се состане со некого.
Примери:
Со него се видов на станица.
11.
(се виде) Се почувствува некако.
Примери:
Се виде себеси невеста.
Се виде измамен.
12.
(се виде) Му се стори, му се причини дека нешто се случило или дека ќе се случи.
Примери:
Му се виде полесно.
Ми се виде долг патот.
13.
(несв.) (се виде) Не се гледа, не може да се гледа.
Англиски:
see
Албански:
nuk shhihet
Во визбата не се види, темно е.
Изрази
Виде аир - стекне нешто добро.
Да види бел ден (бело видело) - да види арно во животот.
Виде колку е саатот - сфати што се случува.
Види лошо (зло, неарно) - доживее нешто неубаво, непријатно.
Виде-невиде - реши да стори нешто немајќи друг излез.
Види со очи - биде присутен, е сведок.
Види фајде - има полза.
Види што да види (види што ќе види) - изразува: чудење, жалење, болка за нешто што се случило неочекувано.
Вид се не види - загине без трага, исчезне.
Ни се чуло, ни се видело - станува нешто невозможно.
Ќе му ги види опинците / грбот - нема повеќе да го види, ќе замине, ќе избега, ќе исчезне.
Само да ми го видат очите - закана.
Види свет - прошета низ светот, надвор од местото на живеење.
Да види Господ - при исчудување.
Кога ќе си го видам тилот - никогаш.
До видување - поздрав.
Едно видување - еден век - средбата пари вреди, сега се видовме па кој знае кога.
Ми се види - гледам, не сум слеп, можам да видам.