indebt - онтологија

задолжи повеќе

задолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Оптовари некого со долг.
Албански: ngarkoj
Употреба: Економија
Примери:
Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
Направи некому добро дело (услуга, даде помош) со што предизвика чувство на задолженост, на благодарност.
Албански: obligoj
Примери:
Таа ме задолжи со тоа што ми го чуваше детето кога беше мало.
(се задолжи) Се оптовари со долг, стане должен некому.
Албански: huazoj
Употреба: Економија
Примери:
Тие се задолжија за куќата.