inexperienced - онтологија

зелен повеќе

зелени
Вид збор: Придавка
За човек - многу млад, неопитен.
Албански: jeshil
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се залетуваше, беше млад и зелен.

неизживеан повеќе

неизживеани
Вид збор: Придавка
Што е неопитен, не доживеал многу работи.
Примери:
неизживеан човек

неискусен повеќе

неискусниот
Вид збор: Придавка
Што не е искусен, што е без искуство, без опит; неопитен.
Примери:
неискусен помошник

неопитен повеќе

неопитниот
Вид збор: Придавка
Што нема опит.
Примери:
млади и уште неопитни инженери

нераскршен повеќе

нераскршениот
Вид збор: Придавка
Што уште не е способен за живот или за некоја работа.

новопечен повеќе

новопечениот
Вид збор: Придавка
Што е нов во дејноста со која се занимава, штотуку почнал нешто да работи.
Примери:
новопечен трговец