а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зелен

зелени
Вид збор: Придавка
Ранг: 621
1. Што е со боја на трева, на свежи, неовенати лисје.
Англиски: green Албански: i gjelbër, jeshil, i blertë
Примери:
зелена салата
зелена кошула
2. Што е обрастен со трева, со растенија и сл.
Англиски: green Албански: i blertë, ledinë
Примери:
зелена ливада
зелена гора
зелени површини
3. За плод - неузреан, невтасан за јадење.
Англиски: unripe Албански: i papjekur
Примери:
зелени сливи
зелени домати
зелено овошје
4. Блед, со неприродна боја.
Англиски: pale Албански: i zbehtë
Употреба: Преносно значење
Примери:
зелен во лицето
зелен од јад
5. За човек - многу млад, неопитен.
Англиски: young, inexperienced Албански: jeshil
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се залетуваше, беше млад и зелен.
Изрази
Зелен појас - дрвја линиски насадени, што претставуваат еден вид природна граница или заштита.
Hа зелено - во природа, на зеленило.
Изведенки
зелено прил.