influence - онтологија

влијае повеќе

влијаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши влијание на или врз некого или нешто, насочува нечија работа, дејност, определба, постапка.
Албански: ndikoj
Примери:
Многу фактори влијаат врз општествениот развиток.

воздејствува повеќе

воздејствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
дејствува, влијае
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се напрегал да воздејствува на една заостаната селска средина.

дејствува повеќе

дејствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има влијание, се одразува.
Албански: ndikon
Примери:
Сите тие часови како отров дејствуваа врз нашите срца.

обработи повеќе

обработат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши влијание, притисок врз некого да мисли и да дејствува како што се бара од него.
Албански: ndikoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Го обработија сведокот за да ја скријат вистината.

одрази повеќе

одразат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одрази) Се покаже, се пренесе како влијание, резултат, последица од нешто.
Албански: ndikoj, reflektoj
Примери:
Нивните несогласувања се одразија и на нас.

повлијае повеќе

повлијаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши влијание.
Примери:
Се надеваше дека одморот на море добро ќе повлијае врз здравјето на децата.

потпадне повеќе

потпаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде, падне под влијание на некого или нешто.
Албански: bie
Примери:
Тој беше млад и потпадна под туѓото влијание.