одрази
одразат; одразил; одразен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11555
1.
Создаде, направи одраз, слика од нешто на некоја мазна површина (огледало, стакло, вода).
Примери:
Огледалото ја одрази жената послаба отколку што е навистина.
Слично со:
рефлектира (св. и несв.)
3.
Во уметноста - претстави, предаде.
Англиски:
reflect
Албански:
paraqet, reflekton
Романот точно го одразува секојдневниот живот од тој период.
Неговите слики одразуваат длабока осаменост.
Слично со:
прикаже (св.)
4.
(се одрази) Се одбие, се отслика нешто на некоја мазна површина.
Примери:
Сонцето на заоѓање се одрази на прозорецот.
Слично со:
рефлектира (св. и несв.)
5.
(се одрази) За чувства, емоционални состојби - се покаже, се пројави.
Примери:
Длабокиот немир се одрази и на нејзиното лице.
Слично со:
пројави (св.)
6.
(се одрази) Се покаже, се пренесе како влијание, резултат, последица од нешто.
Англиски:
influence
Албански:
ndikoj, reflektoj
Нивните несогласувања се одразија и на нас.
Нејзиното присуство се одрази поволно на атмосферата.