бунтуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поттикнува на бунт.
Примери:
Тој ги бунтуваше слугите против експлоатацијата што ја вршеа над нив нивните господари.
дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува, гиба, задева некого.
Примери:
Почнал ѓаволот да те дупи, детуле.
надупат
Вид збор: Глагол, свршен
Наговори некого, подбуцне некого на кавга, на лоша постапка и cл.
Примери:
Кој те надупил така да ми зборуваш?
налинат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне, насаска пес на некого.
наострат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне, поттикне некого за расправија, за борба.
Примери:
Сакаше да ги наостри да се скараат со нас.
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне да нападне некого.
Примери:
Ги насаскаа еден против друг.
подбуцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне на нешто лошо, на кавга.
Примери:
Тој ги подбуцна соседите да се скараат за меѓата.
провоцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Намерно предизвика, предизвикува некаков настан, нечија постапка.
Примери:
Група од неколкумина провоцираат судир со полицијата.
спотнат
Вид збор: Глагол, свршен
подбуцне, подбуди
Примери:
Тој ги спотнал да зборуваат против него.
харангираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува, дразни маса против некого.
хушкаат
Вид збор: Глагол, несвршен