instigate - онтологија

бунтува повеќе

бунтуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поттикнува на бунт.
Примери:
Тој ги бунтуваше слугите против експлоатацијата што ја вршеа над нив нивните господари.

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува, гиба, задева некого.
Албански: nxit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Почнал ѓаволот да те дупи, детуле.

надупи повеќе

надупат
Вид збор: Глагол, свршен
Наговори некого, подбуцне некого на кавга, на лоша постапка и cл.
Употреба: Разговорно
Примери:
Кој те надупил така да ми зборуваш?

налине повеќе

налинат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне, насаска пес на некого.

наостри повеќе

наострат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне, поттикне некого за расправија, за борба.
Албански: ndërsej, nxis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сакаше да ги наостри да се скараат со нас.

насаска повеќе

Види и: саска (несв.)
насаскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне да нападне некого.
Албански: ndërsej
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ги насаскаа еден против друг.

побуни повеќе

побунат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне на бунт.
Примери:
Луѓето да ги побунат.

подбуцне повеќе

подбуцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне на нешто лошо, на кавга.
Албански: ndërsej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги подбуцна соседите да се скараат за меѓата.

провоцира повеќе

провоцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Намерно предизвика, предизвикува некаков настан, нечија постапка.
Албански: nxit
Примери:
Група од неколкумина провоцираат судир со полицијата.

спотне повеќе

спотнат
Вид збор: Глагол, свршен
подбуцне, подбуди
Албански: ndërsej, nxis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги спотнал да зборуваат против него.

харангира повеќе

харангираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува, дразни маса против некого.

хушка повеќе

хушкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
подбуцнува
Српски: хушкати
Употреба: Дијалектен збор