knock - онтологија

бапка повеќе

бапкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира некого со нешто.
Албански: godas, qëlloj
Примери:
Го бапка затвореникот со тупаници.

забамка повеќе

Види и: бамка (несв.)
забамкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бамка.
Употреба: Разговорно
Примери:
Некој забамка по вратата.

заклепа повеќе

заклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
За клепало - почне да клепа, да испушта звук.
Албански: trokas
Примери:
Клепалата полека заклепаа.

затропа повеќе

затропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тропа.
Албански: fillon të trokas
Примери:
Затропа со прстите по масата.

затропка повеќе

затропкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тропка.
Примери:
Затропка ѕвонливо по чашата.

зачука повеќе

Види и: чука (несв.)
зачукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чука, да удира, да тропа.
Албански: trokas
Примери:
Некој зачука на вратата.
Почне да чука за да собере плод.
Албански: trokas
Примери:
Сите зачукаа по снопјата.

испочука повеќе

испочукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчука во голема мера.
Примери:
Падна и ја испочука главата.

исчука повеќе

исчукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со чукање.
Албански: shkund, mbledh
Примери:
Ја исчукаа 'ржта.

клепа повеќе

клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира, чука на клепало; чука воопшто.
Албански: troket
Примери:
На портата клепаат двајца питачи со спружени раце.

клепне повеќе

клепнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, чукне
Албански: bie, godas, mshoj
Примери:
Само кога ќе клепне камбаната, излегуваше во дворот.

клопа повеќе

клопаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира, испушта клопот.
Албански: trokas
Примери:
Чекмеџето клопаше од ударите.

клука повеќе

клукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
чука, тропа
Албански: godas
Примери:
Лете дома си седи, си клука со теслата, си прави по некое каче.

клукне повеќе

Види и: клука (несв.)
клукнува
Вид збор: Глагол, свршен
чукне, тропне
Албански: qukat, trokas
Примери:
По полноќ клукна портата.

ластик повеќе

мн. ластици
Вид збор: Именка, машки род
Удар по главата со затегнување и отпуштање на прстите.
Албански: llastik, godas me një çok
Употреба: Разговорно
Примери:
Биди мирен, да не добиеш некој ластик.

лупа повеќе

лупаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тропа, чука

лупне повеќе

лупнат
Вид збор: Глагол, свршен
тропне, чукне

начука повеќе

начукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со чукање гранки (на орев, костен) набере, собере плодови.
Албански: godas, shkund, përpëlit

пласне повеќе

пласнат
Вид збор: Глагол, свршен
Лупне, тресне глупост.
Албански: godas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пласна голема глупост.

поклепа повеќе

Види и: клепа (несв.)
поклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Клепа малку, кратко време.

потропа повеќе

Види и: тропа (несв.)
потропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почука (на врата, прозорец).
Албански: trokas
Примери:
Потропав на вратата, ама никој не ми отвори.
Чука малку, кратко време.
Албански: trokas shkurt

потчукне повеќе

потчукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Чукни малку или тивко.
Примери:
Потчукна со ногата.

почука повеќе

Види и: чука (несв.)
почукаат
Вид збор: Глагол, свршен
потропа
Албански: trokas
Примери:
Некој тивко почука на вратата.

притропа повеќе

притропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне одеднаш да тропа.
Примери:
Некој притропа на вратата.

расклепа повеќе

Види и: клепа (несв.)
(се) расклепат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да клепа, остри со чукање (секира, коса).

расклепува повеќе

(се) расклепуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расклепа

растрака повеќе

(се) растракаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да трака, да тропа.
Албански: fillon të trokas shumë
Примери:
Се растракаа машините.

расчука повеќе

(се) расчукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чука, лупа, удира.
Примери:
Се во ова време ќе се расчукаат.

ропа повеќе

ропаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тропа
Употреба: Дијалектен збор

стропа повеќе

стропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тропа.
Примери:
Ми стропа срцето.

стропува повеќе

Види и: стропа (св.)
стропуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
стропа

ступка повеќе

ступкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне наеднаш да тупка, удира, тупне малку со нозете во земја.
Албански: përplas, trokas
Примери:
Ступка по едно време со нозете.

ступоти повеќе

ступотија
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тупка.
Примери:
По скалите ступотија брзи чекори.

счука повеќе

Види и: чука (несв.)
счукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне одеднаш да лупа.

счукува повеќе

Види и: счука (св.)
счукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
стропува

трака повеќе

тракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чука, тропа - на порта.
Албански: trokas

тракне повеќе

тракнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, тропне
Албански: trokas, godas

тропа повеќе

тропаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Произведува посебен шум со удирање нешто, при движење, местење и сл.
Албански: trokas
Примери:
Нешто тропа во моторот.
За на врата, прозорец и сл.
Албански: trokas
Примери:
Кој тропа на врата?

тропка повеќе

Види и: тропа (несв.)
тропкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тропа
Употреба: Деминутив

тропне повеќе

тропнат
Вид збор: Глагол, свршен
Произведе шум со удирање на нешто, при движење, местење и сл.
Албански: troket
Примери:
Нешто тропна внатре.
(за на врата, прозорец и сл.) чукне
Албански: troket
Примери:
Тропна на врата.

трупа повеќе

трупаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Рамномерно тропа, чука на нешто обично дрвено - на порта, штица и сл.
Албански: trokas

трупне повеќе

Види и: трупа (несв.)
трупнат
Вид збор: Глагол, свршен
тропне, чукне
Албански: trokas

тупа повеќе

тупаат
Вид збор: Глагол, несвршен
удира
Албански: godit
Примери:
Доволно го тупаше, доста е.

тупка повеќе

Види и: тупа (несв.)
тупкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
чука, удира
Албански: trokas
Употреба: Деминутив
Примери:
Таа никогаш не тупкаше со ногата.
Тресе прашина од нешто (со тупалка, тресалка).
Албански: shkund
Употреба: Деминутив
Примери:
Кога ќе го тупкаме килимов?
Одејќи прави шум со нозе.
Албански: trokas
Употреба: Деминутив
Примери:
Не тупкај кога одиш, ќе те слушне некој.

тупне повеќе

тупнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, чукне
Албански: godit
Примери:
Кога го тупнав еднаш, трипати се заврти.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
тресне
Албански: godas, përplas
Примери:
Го удри одземи.
избие, чукне, тропне, отчука
Албански: godas, bie, mshoj
Примери:
Удри камбаната; удри дванаесеттиот час.

чук повеќе

Вид збор: Извик
За подражавање на шум од чукање, од тропање.
Примери:
Чук! некој чукна на врата.

чука повеќе

чукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира со нешто.
Албански: trokas
Примери:
Чука на порта.
(се чука) Се удира во нешто или со нешто.
Албански: rrah
Примери:
Секогаш се чукам на вратава.

чукне повеќе

чукнат
Вид збор: Глагол, свршен
удира
Албански: qëlloj
Примери:
Го чукна по глава.

шука повеќе

Види и: шукне (св.)
шукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
удира, чука
Албански: godas, trokas

шукне повеќе

шукнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, чукне
Албански: godet
Примери:
Ја шукна топката.

шукнува повеќе

Види и: шукне (св.)
шукнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
удира, чукнува
Албански: godas, trokas

шупне повеќе

шупнат
Вид збор: Глагол, свршен
удири, чукне
Албански: mëshoj, trokas