а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пласне

пласнат; пласни, пласнете; пласнав, пласнаа; пласнал; пласнев, пласнеа; пласнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23439
1. (преод.) Фрли, падне и при падот даде звук.
Англиски: splash Албански: përplas
Примери:
Го фатил и го пласнал наземи.
Ја пласнале едната старица во реката.
2. намести, стави
Англиски: put Албански: vendos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кај те пласнале дури ваму?
3. Удри со отворена дланка.
Англиски: slap Албански: shuplakë
Примери:
Му пласнал некоја шлаканица.
4. Лупне, тресне глупост.
Англиски: knock Албански: godas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пласна голема глупост.
(разг.) Ама ја пласна!
5. (се пласне) Се фрла (на земја, кревет).
Англиски: splash Албански: përplaset
Примери:
Дојде уморен и се пласна в кревет.
Мама се пласна на земја.