а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зачука

зачукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12635
1. Почне да чука, да удира, да тропа.
Англиски: knock Албански: trokas
Примери:
Некој зачука на вратата.
Од изутрина кај зачукал.
2. Почне да чука, произведувајќи звук на чукање.
Англиски: sound Албански: trokas
Примери:
Зачука камбаната.
Ковачот зачука со чеканот.
3. Почне да чука за да собере плод.
Англиски: knock Албански: trokas
Примери:
Сите зачукаа по снопјата.
Дедото со долг стап зачука по оревот.
4. Почне да удира, да отчукува (за часовник, срце и сл.)
Англиски: tick Албански: tik-tak
Примери:
Зачука ѕидниот часовник.
Срцето на дедото силно зачука.
Крвта силно му зачука по дамарите.
5. (се зачука) Се удри во нешто (поради невнимание).
Англиски: hit Албански: godit
Употреба: Разговорно
Примери:
Гледајќи во торбичето детето се зачука во бандерата.
Изведенки
1. зачукува несв.
(се) зачукуваат
2. зачукување ср.
глаг. им.