занесат
Вид збор: Глагол, свршен
За птица - почне да несе јајца.
Примери:
Кокошките се млади, уште не занеле јајца.
легнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави некого да спие.
Примери:
Мајката ги легна децата во кревет.
носат
Вид збор: Глагол, несвршен
За кокошка, птица - носи јајца.
Примери:
Нашите кокошки секоја седмица ни носат јајца.
полагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става, клава, мести во хоризонтална положба.
Примери:
Тој секогаш рибата ја полага во овална чинија.
Почнува со градба, става темели.
Примери:
Денес тие ги полагаа темелите на новото училиште.
Поставува (става) венец.
Примери:
Секоја година нашата делегација полага венец пред неговиот гроб.
положат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, кладе, намести да лежи.
Примери:
Го положија наплеќи.
пронесат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3. л.) За птици - почне да несе јајца.
Примери:
Кокошките пронесоа јајца.
снесат
Вид збор: Глагол, свршен
За птици, инсекти, влекачи - оддели јајце од организмот.
Примери:
Кокошката снесе јајце.
Вид збор: Глагол, несвршен