пронесе
пронесат; пронеси, пронесете; пронесов, пронесоа; пронесол, пронесле, пронел; (ќе) пронесев, (ќе) пронесеа; (ќе) пронесел; пронесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19105
1.
Однесе низ нешто.
Англиски:
carry
Албански:
mbart, shpie
Неколку силни момчиња ја пронесоа машината на раце низ тесните улици.
Го пронесе на раце детето низ селото.
2.
Прошири, разнесе глас.
Англиски:
spread
Албански:
përhapet, zgjërohet
Сите телевизии ја пронесоа веста за големиот шумски пожар.
Слично со:
прошири (св.)
3.
(се пронесе) Се прошири, се разнесе глас.
Англиски:
spread
Албански:
përhapet, zgjërohet
Се пронесе глас дека печалбарите стасале.
Радосната вест се пронесе низ градот.
4.
(само 3. л.) За птици - почне да несе јајца.
Примери:
Кокошките пронесоа јајца.
Изведенки
1.
пронесува несв.
пронесуваат
пронесуваат
2.
пронесување ср.
глаг. им.
глаг. им.