издадат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде под наем.
Примери:
Две соби од куќата издадов под наем на студенти.
остават
Вид збор: Глагол, свршен
За некое определено време.
Примери:
Учителот им остави десет минути време решавање на тестот.
Предизвика нешто, стане причина за појавата на нешто; трага, впечаток и сл.
Примери:
Крадците не оставиле никаква трага зад себе.
отстапат
Вид збор: Глагол, свршен
Се откаже од нешто во полза на друг.
Примери:
Домаќинот му го отстапи својот кревет на гостинот.
попуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде поголемо, пошироко.
Примери:
Мајсторот ја попушти терасата за два метра.
препуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави некого да работи што сака.
Примери:
Беше препуштен сам на себе.
пропуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави да проникне, да навлезе; не држи, пушти вода, течност.
Примери:
Чевлите му пропуштија уште на првиот дожд.
Остави да проникне, да навлезе; излезе, се рашири светлина, топлина и сл.
Примери:
Спушти ја ролетната, ќе пропушти светлина колку да не мора да се пали светло.
Вид збор: Глагол, несвршен
пушти
Примери:
Ги пуштаат фотографиите за да се спротивстават на изјавите дека тоа е лага.
пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да држи, да задржува.
Примери:
Го пушти железото од раце и рипна врз него.
(За растение) кога е во процес на растење.
Примери:
Јаболкницата пуштила корен веднаш до прагот на куќата.