а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

издаде

издадат; издај, издајте; издадов, издадоа; издал; издадев, издадеа; издадел; издаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2447
1. Даде нешто до крај, целосно, колку што имало за давање.
Англиски: give Албански: jap
Примери:
Ги издаде сите книги на другарите и другарките.
2. Даде документ, снабди, обезбеди со документ.
Англиски: issue Албански: lëshoj
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој ќе ти издаде дозвола за возачки испит.
Издаде лекарско уверение.
3. Даде на заем, на услуга, на употреба.
Англиски: lease Албански: jap, huazoj
Примери:
Библиотеката во мај издала 1000 книги на своите членови.
4. Даде под наем.
Англиски: let Албански: jep me qira
Употреба: Економија
Примери:
Две соби од куќата издадов под наем на студенти.
Го издаде дуќанот.
5. Печати, објави книга или друг печатен материјал.
Англиски: publish Албански: botoj, publikoj
Примери:
Писателот ја издаде и третата книга од својот роман.
6. Изврши предавство.
Англиски: betray Албански: tradhtoj
Примери:
Заробениот не ги издаде своите соборци.
7. Одаде, овозможи да се открие.
Англиски: reveal Албански: demaskoj
Примери:
Тој беше убаво маскиран, но гласот го издаде.
8. За дел од телото на човек или животно - попушти, изнемошти, откаже.
Англиски: fail Албански: dështuam
Примери:
Стариот го издадоа нозете, не можеше повеќе да оди.
Го издаде силата.
9. Истакне напред, надвор, покаже да се види.
Англиски: peep Албански: nxjerr
Примери:
Змијата ја издаде за момент главата надвор и пак се повлече во дупката.
Ќе издадеш една летва од таванот надвор и на неа ќе го закачиш знамето.
10. заповеда, нареди
Англиски: command Албански: urdhëroj, komandoj
Примери:
Издаде наредба.
Издаде команда.
11. (се издаде) се открие, се искаже
Англиски: reveal Албански: zbuloj
Примери:
Мојот другар ќе се издадеше пред непознатиот ако не го буцнев со лактот.
12. (се издаде) се претстави
Англиски: pretend Албански: prezantoj
Примери:
Дошлакот се издаде пред нас, пред луѓето за некаков функционер на Партијата.