lunatic - онтологија

безумник повеќе

мн. безумници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е безумен.
Примери:
Го нашле безумникот вкочанет на плочникот.

вртоглавец повеќе

мн. вртоглавци
Вид збор: Именка, машки род
Налудничав, мрднат, неразбран човек.

збеснатик повеќе

мн. збеснатици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е збеснат.
Примери:
Тоа не е дете, туку збеснатик.

лудак повеќе

мн. лудаци
Вид збор: Именка, машки род
Луд човек, ментално болен.
Албански: budallë, i marrë, marroq
Употреба: Медицина
Примери:
Лудаците, оние мирните, играа во дворот на болницата.

психопат повеќе

мн. психопати
Вид збор: Именка, машки род
Луд, душевно болен човек.
Албански: psihopat
Употреба: Разговорно

удреник повеќе

мн. удреници
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој е чукнат.

улавко повеќе

мн. улавковци
Вид збор: Именка, машки род
лудак, будала

улавчо повеќе

Види и: улавко (м.)
мн. улавчовци
Вид збор: Именка, машки род
улавко

умоболник повеќе

мн. умоболници
Вид збор: Именка, машки род
ментално оболен, луд
Употреба: Медицина