Медицина - категорија

уболни повеќе

(се) уболнат
Вид збор: Глагол, свршен
оболи, се разболи, падне болен
Англиски: fall ill

увин повеќе

увиниот
Вид збор: Придавка
Во составот увин чај; чај од мечкино грозје (Arctostaphylos uva-ursi), билка со лековито дејство против заболувања на бубрезите и мочните патишта.
Англиски: uva ursi
Примери:
Увиниот чај дејствува диуретично, антибактериски и противвоспалително на мочните патишта.

уво повеќе

мн. уши
Вид збор: Именка, среден род
Способност за слушање, слух.
Англиски: hearing Албански: dëgjim
Примери:
Има добро уво - има добар слух.

узрее повеќе

узреат
Вид збор: Глагол, свршен
(за чир, мозол, струп) Достигне состојба да се отвори.
Албански: hapje
Примери:
Немој да го сечеш чирот, остави го нека узрее.

улера повеќе

(едн.) улерата
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест на цревата.
Англиски: cholera
Примери:
Улерата си ја зела косата и си коси војници.

улкус повеќе

мн. улкуси
Вид збор: Именка, машки род
чир
Латински: ulcus Англиски: ulcer
Примери:
венски улкус

умирање повеќе

Види и: умира (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
смрт, умирачка
Англиски: death Албански: vdekje
Примери:
На умирање е.
умирачка
Англиски: dying Албански: vdekje

умоболен повеќе

умоболни
Вид збор: Придавка
луд, ментално болен
Англиски: lunatic

умоболник повеќе

мн. умоболници
Вид збор: Именка, машки род
ментално оболен, луд
Англиски: lunatic

умоболност повеќе

Види и: умоболен (прид.)
умоболноста
Вид збор: Именка, женски род
лудост, ментална болест
Англиски: lunacy

умор повеќе

(едн.) уморот
Вид збор: Именка, машки род
измореност
Англиски: exhaustion Албански: lodhje
Примери:
физички умор
умирачка, смрт
Англиски: death Албански: vdekje
Примери:
на умор

уморен повеќе

уморениот
Вид збор: Придавка
заморен
Англиски: tired
Примери:
Уморен од работа.

умореност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
замор
Англиски: exhaustion, weariness

умртви повеќе

Види и: усмрти (св.)
умртват
Вид збор: Глагол, свршен
Направи неосетлив.
Англиски: desensitize Албански: pandjeshëm
Примери:
Го умртви нервот.

упат повеќе

мн. упати
Вид збор: Именка, машки род
Документ со кој се упатува пациентот на друг лекар.
Англиски: referral
Примери:
Тој доби лекарски упат за болница.

ургентен повеќе

ургентни
Вид збор: Придавка
итен, неодложен
Англиски: urgent
Примери:
ургентен центар

урина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Течност што ја лачат бубрезите како отпадна материја од крвта.
Англиски: urine

уринира повеќе

уринираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Мокри, моча, исфрла урина.
Англиски: urinate
Примери:
Уринирањето во ветер им го оставам на тие што имаат време.

уролог повеќе

мн. уролози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист по урологија.
Англиски: urologist

урологија повеќе

(едн.) урологијата
Вид збор: Именка, женски род
гранка на медицината
Англиски: urology

уролошки повеќе

уролошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на уролог или урологија.
Англиски: urologic
Примери:
уролошки преглед

уртикарија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Копривна треска - алергиско заболување со бронки по кожата и треска.
Латински: Urtica Англиски: Urticaria

успокојување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
успокои
Англиски: tranquillizing
Примери:
Средство за успокојување.

успокојувачки повеќе

успокојувачка
Вид збор: Придавка
Што успокојува.
Англиски: tranquillizing
Примери:
Успокојувачко средство.

устрел повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Назив за неколку тешки, акутни болески како мозочен или срцев удар, црвен ветар и сл.
Англиски: infarct Албански: infarkt

ушен повеќе

ушна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на уво.
Примери:
ушно тапанче
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш