lunch - онтологија

доруча повеќе

Види и: руча (св. и несв.)
доручаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со ручекот, со јадењето, дојаде.
Албански: mbaroj me drekim
Употреба: Гастрономија
Примери:
Доруча и си легна да спие.

изруча повеќе

изручаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде ручек, јадење до крај.
Албански: mbaroj me drekim
Употреба: Гастрономија
Примери:
Слатко го изручавме зелникот.

наруча повеќе

наручаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому да руча, даде ручек.
Албански: jap drekë
Примери:
Им меси пита и убаво ги наруча децата.
(се наруча) Доволно се најаде со ручек, доволно руча.
Албански: drekoj shumë

обед повеќе

мн. обеди
Вид збор: Именка, машки род
ручек
Употреба: Дијалектен збор

обедува повеќе

обедуваат
Вид збор: Глагол, несвршен

пладнина повеќе

мн. пладнини
Вид збор: Именка, женски род
ручек
Албански: drekë
Употреба: Дијалектен збор , Гастрономија
Примери:
(нар. поез.) Трета рече: пладнина донесов (ручек донесов).

руча повеќе

ручаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изеде, јаде ручек.
Албански: drekoj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Седнаа да ручаат.

ручање повеќе

Види и: руча (св. и несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
јадење ручек
Албански: drekim
Употреба: Гастрономија
Примери:
Салон за ручање.

ручек повеќе

мн. ручеци
Вид збор: Именка, машки род
Оброк што се јаде на пладне.
Албански: drekë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Жената зготвила ручек.

ручок повеќе

Види и: ручек (м.)
мн. ручоци
Вид збор: Именка, машки род
ручек