Гастрономија - категорија

избрбешка повеќе

Види и: брбешка (несв.)
избрбешкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обложи колачи со шеќер, ореви и сл.
Англиски: strew Албански: zbus
Примери:
Домаќинката ги избрбешка колачите во шеќер во прав.

извар повеќе

Види и: изварка (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
изварка
Англиски: curd cheese Албански: gjizë, xhizë

изварка повеќе

(едн.) изварката
Вид збор: Именка, женски род
Млечен производ што се добива со варење на сиратката.
Англиски: curd cheese Албански: gjizë
Примери:
козја изварка

излути повеќе

(се) излутат
Вид збор: Глагол, свршен
Осети лут вкус.
Албански: djegë
Примери:
Пиперките го излутија.

измака повеќе

Види и: мака (несв.)
измакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде со макање до крај, целосно.
Англиски: dunk Албански: ngjyej
Примери:
Девојчето лакомо ги измака остатоците од храна од тавата.

изнаготви повеќе

Види и: наготви (св.)
изнаготват
Вид збор: Глагол, свршен
Зготви многу, наготви повеќе јадења одеднаш, истовремено.
Примери:
Изнаготви за цела недела.

изруча повеќе

изручаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде ручек, јадење до крај.
Англиски: lunch Албански: mbaroj me drekim
Примери:
Слатко го изручавме зелникот.

испечен повеќе

Види и: испече (св.)
испечениот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) испече
Англиски: baked
Примери:
тазе испечен леб

испржен повеќе

Види и: испржи (св.)
испржени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Што е приготвен со пржење.
Англиски: roasted
Примери:
испржени пиперки

испржи повеќе

испржат
Вид збор: Глагол, свршен
Со пржење приготви јадење.
Англиски: roast Албански: fërgoj
Примери:
Го испржи месото.
(се испржи) Се приготви со пржење.
Англиски: fry Албански: fërgoj, tiganis
Примери:
Компирите се испржија.

истишти повеќе

(се) истиштат
Вид збор: Глагол, свршен
Полека се допече на тивок оган.
Примери:
Го остави месото да се истишти.

исхрана повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
хранење
Англиски: nourishment Албански: ushqyerje
Примери:
Овие печурки не се употребуваат за исхрана на луѓето.
Избор и начин на употреба на храната.
Англиски: nutrition Албански: ushqim
Примери:
макробиотска исхрана, неправилна исхрана
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш