водат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за нешто.
Примери:
Мојата жена ја води нашата куќа.
газдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раководи, стопанисува
Примери:
Газдите газдуваа, а работниците работеа.
движат
Вид збор: Глагол, несвршен
Раководи, работи на остварувањето на некоја цел, поттикнува.
Примери:
Таа ги движи работите во образованието.
менаџираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Раководи со претпријатие, води бизнис.
Примери:
Таа неуморно менаџира со фабриката.
престасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стаса, постигне да направи нешто навреме.
Примери:
Не знаеше дали ќе престаса да одговори на сите нарачки.
престигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стаса, подигне да направи нешто навреме.
Примери:
Таа не можеше да престигне со разнесување пијачка и кафе.
раководат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои на чело на нешто; зазема должност на управител.
Примери:
Сите тие ја раководеа нашата борба.
(се) снајдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се снајде) Се соумее да излезе од тешка положба.
Примери:
Умее да се снајде во секоја ситуација.
(се снајде) сообрази, приспособи
Примери:
Тука и тој не може да се снајде.
Вид збор: Глагол, несвршен
справат
Вид збор: Глагол, свршен
(се справи) Излезе на крај, совлада пречки, тешкотии.
Примери:
Лесно ќе се справи со него.
стокмат
Вид збор: Глагол, свршен
скрои, среди
Примери:
Тој ми ја стокми оваа работа.
стопанисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
работи, економски делува, ствара
Примери:
И ќерка му почна да стопанисува.
управуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја води управата, го управува претпријатието.
Примери:
Кампањата ја управуваат искусни луѓе.