а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надмине

надминат; надмини, надминете; надминав, надминаа; надминал; надминат; (ќе) надминев, (ќе) надминеа; (ќе) надминел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4321
1. При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто.
Англиски: overtake Албански: tejkaloj
2. Натпревари, постигне повеќе од друг, се покаже во поизразена мера.
Англиски: surpass Албански: tejkaloj
Примери:
Ученикот го надминал својот учител.
Храброста негова никој не ја надминал.
Сегашната цена на лебот ја надмина минатогодишната.
Автомобилскиот сообраќај го надмина железничкиот.
3. превозмогне, преодолее
Англиски: overcome Албански: tejkaloj
Примери:
Ги надмина cите тешкотии.
И последната пречка е надмината.
Го надмина својот страв и упорно продолжи.
Изведенки
1. надминува несв.
надминуваат
2. надминување ср.
глаг. им.