Вид збор: Глагол, свршен
Истопи сè.
Примери:
Го доистопи златото што го имаше.
(се доистопи) Истопи нешто сосема, до крај.
Примери:
Снегот се доистопи по покривите.
закопнеат
Вид збор: Глагол, свршен
За снег, мраз - почне да копнее, да се топи.
Примери:
Закопнеаја последните соспи снег.
затопат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне нешто што е тврдо да го топи, да го растопува.
Примери:
Сонцето го затопи мразот по улиците.
(се затопи) Почне да се топи.
Примери:
Се затопи снегот по стреите.
истопат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да премине од цврста во течна состојба, се растопи.
Примери:
Сонцето го истопи снегот.
(се истопи) Премине од цврста во течна состојба, се растопи.
Примери:
Сладоледот ти се истопи.
(се истопи) Ослаби многу (од болест, од грижи и сл.)
Примери:
Се истопи од грижи за синот.
(се истопи) Е обземен од силно чувство.
Примери:
Се истопи во неговата прегратка.
(се истопи) го снема, се потроши
Примери:
Се истопија парите.
копнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се топи од долната страна при што одозгора го задржува истиот изглед како пред топењето.
Примери:
Снегот копнее по ливадите.
копнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За снег и мраз - се топи.
Примери:
Копни снегот по планините.
натопат
Вид збор: Глагол, свршен
Со топење добие доволно количество (сало, восок и др.)
окопнат
Вид збор: Глагол, свршен
За снег и мраз - исчезне од површината на земјата.
Примери:
Снегот окопне, зимата е на заминување.
Вид збор: Глагол, свршен
Претопи малку, во помала мера (маст, руда, метал).
Примери:
Тој попретопи малку од маста.
претопат
Вид збор: Глагол, свршен
Со загревање, со топење даде друг облик на нешто што се топи (восок, маст, злато).
Примери:
Восокот го претопи во нови калапи.
Преработи руда со топење.
Примери:
Во работилницата претопуваа олово.
(се претопи) Се претвори во нешто друго, стане поинаков.
Примери:
Тие се претопија со масата народ.
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе нешто замрзнато, некое тврдо тело во течна состојба.
Примери:
Огреа сонце и го растопи снегот.
(се растопи) За нешто замрзнато или што е во тврда состојба - мине во течна состојба.
Примери:
Мразот се растопи.
(се растопи) се разнежи
Примери:
Душата ќе му се растопи.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
За снег, мраз - се стопи.
Примери:
Скопна снегот.
Вид збор: Глагол, несвршен
стопат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во состојба на течност.
Примери:
Сонцето го стопи брзо снегот.
(се стопи) Стане течен.
Примери:
Веќе се стопи снегот.
Вид збор: Глагол, несвршен
таат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се топи бавно, незабележително, исчезнува.
топат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто што е во цврста состојба да стане течно.
Примери:
Сонцето го топи мразот, снегот.
Прави некого постепено да слабее, да вене.
Примери:
Некаква мака него го топи.
(се топи) За цврсти, тврди тела - поминува во течна состојба.
Примери:
Мразот, снегот се топи.
(се топи) Слабее бавно, постепено од мака, тага и сл.
Примери:
Се топи човекот, го јаде нешто.
(се топи) Го опфаќа наполно некое чувство.
Примери:
Се топи од радост, милина и сл.
(се топи) За нешто многу вкусно.
Примери:
Се топи в уста.