истопи
истопат; истопил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11940
1.
Направи нешто да биде влажно, наводени.
Примери:
Шлапна во вирчето и ги истопи нозете.
Слично со:
наводени (св.)
2.
(се истопи) се наводени
Примери:
Се истопи миејќи ги прозорците.
3.
Направи нешто да премине од цврста во течна состојба, се растопи.
Примери:
Сонцето го истопи снегот.
Вчера ја истопија маста.
Слично со:
раствори (св.)
4.
(се истопи) Премине од цврста во течна состојба, се растопи.
Примери:
Сладоледот ти се истопи.
5.
(се истопи) Ослаби многу (од болест, од грижи и сл.)
Примери:
Се истопи од грижи за синот.
6.
(се истопи) Е обземен од силно чувство.
Примери:
Се истопи во неговата прегратка.
7.
(се истопи) го снема, се потроши
Примери:
Се истопија парите.
Изведенки
истопува несв.
(се) истопуваат
(се) истопуваат