копнее
копнеат; копнеј, копнејте; копнеев, копнееја; копнеел; копнеен; копнеејќи; копнеење; копнеав, копнеаја; копнеал; копнеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3263
1.
Се топи од долната страна при што одозгора го задржува истиот изглед како пред топењето.
Примери:
Снегот копнее по ливадите.
2.
Чувствува силна желба за некого или по нешто.
Примери:
Копнееше по родниот крај.
Постојано копнее по љубената.
Слично со:
чезне (несв.)
Изведенки
копнеење ср.
глаг. им.
глаг. им.