навратат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наврати) Се искаже за нешто, се осврне.
Албански:
referoj, përmend
Примери:
Пак се навратија на истото прашање.
наговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто во мала мера, поткаже за некоја работа.
Примери:
Тој наговори нешто за продажбата на куќата, ама ништо конкретно не рече.
намнисаат
Вид збор: Глагол, свршен
спомене, подрече
Примери:
Кога му намниса за женење, го онерасположи.
насменат
Вид збор: Глагол, свршен
Спомене, потсети на нешто.
Примери:
Кога ја насмена младоста наша, ме натажи.
наспоменат
Вид збор: Глагол, свршен
Накусо дообјасни, дополни; спомене, потсети.
Примери:
Ќе наспоменам уште дека тие се во блиска роднинска врска.
насумнат
Вид збор: Глагол, свршен
спомене, наспомене, насмене
Примери:
Никој не сакаше да насумне за расправијата од вчера.
наумат
Вид збор: Глагол, свршен
Спомене нешто.
Примери:
Кога ќе му наумеше за делбата, уште повеќе го лутеше.
подговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто недоволно, само спомне.
Примери:
Тој како да подговори за тоа, ама не кажа ништо конкретно.
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто само малку, донекаде.
Примери:
Тој поднаговори дека сака да се жени, ама никој не го сфати сериозно.
подречат
Вид збор: Глагол, свршен
Рече малку само навестувајќи, во прикриена форма.
Примери:
Во селото подрекол дека бил жив и се оженил на туѓина.
понаговорат
Вид збор: Глагол, свршен
подрече, спомене
Примери:
Го прати кај попот и му понаговори колку пари ќе треба да понесе.
споменат
Вид збор: Глагол, свршен
Засегне бегло некое прашање, загатне.
Албански:
kujtoj, përmend
Примери:
Ми спомена нешто, но не се сеќавам добро.
Вид збор: Глагол, несвршен
спомене
Албански:
kujtoj, përmend
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
спомене
Примери:
Нели спомна нешто за свадбата?
Вид збор: Глагол, несвршен
споменува
Албански:
kujton, përmend