спомене
споменат; спомени, споменам; споменете; споменав, споменавме, споменавте, споменаа; споменал; (ќе) споменев, (ќе) споменеа; (ќе) споменел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3187
1.
Изговори, изнесе името на некого или нешто.
Примери:
Те споменаа и тебе на состанокот.
2.
Наведе на мисла, напомене.
Англиски:
remind
Албански:
përmend, kujtoj
Спомени му за обврската.
3.
Засегне бегло некое прашање, загатне.
Англиски:
mention
Албански:
kujtoj, përmend
Ми спомена нешто, но не се сеќавам добро.
4.
Моли се за здравјето на жив или за проштевање на гревовите на умрен.
Примери:
Сè попот ќе го споменеше за време на службата.