merchant - онтологија

баздриѓан повеќе

мн. баздриѓани
Вид збор: Именка, машки род
трговец
Турски: bezirgân
Употреба: Архаизам
Примери:
Баздриѓански дуќан.

комерцијалист повеќе

мн. комерцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи во комерција, во трговија.
Употреба: Економија
Примери:
Компанијата има потреба од амбициозни личности за работа како комерцијалисти со можност за напредување.

пазарџија повеќе

мн. пазарџии
Вид збор: Именка, машки род
Селанец, земјоделец, градинар, кој на пазар ги носи своите производи за продавање.
Турски: pazarcı Албански: pazarxhi
Употреба: Економија
Примери:
Се враќаат веќе пазариите, се пуштил пазарот.

трговец повеќе

мн. трговци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со трговија.
Албански: tregtar
Употреба: Економија
Примери:
трговец на големо

трговче повеќе

мн. трговчиња
Вид збор: Именка, среден род
трговец

туџар повеќе

мн. туџари
Вид збор: Именка, машки род
трговец
Турски: tüccar Албански: tregëtar
Употреба: Архаизам , Економија

туџарка повеќе

Види и: туџар (м.)
мн. туџарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена туџар.
Албански: tregëtare
Употреба: Архаизам , Економија

чаршузлија повеќе

мн. чаршузлии
Вид збор: Именка, машки род
Човек од чаршијата.
Употреба: Архаизам