moral - онтологија

гнома повеќе

мн. гноми
Вид збор: Именка, женски род
Мудра изрека, сентенција, поука.
Употреба: Книжевен збор

морал повеќе

(едн.) моралот
Вид збор: Именка, машки род
Систем од норми за однесувањето на членовите на едно општество.
Албански: moral
Употреба: Филозофија
Примери:
Во речиси секој аспект од нашиот живот - моралот, однесувањето, сексуалноста, семејната структура, кариерата и религиозните верувања - ние сме слободни да правиме што сакаме.
Свест на човекот за должностите и волја, готовност за примање и извршување задачи.
Албански: moral, motivacion
Примери:
Тие се обидувале да го одржат моралот на колегите кои биле на крај со нервите.

наравоучение повеќе

мн. наравоученија
Вид збор: Именка, среден род
Поука, предавање, пренесување определени правила, норми на однесување.
Употреба: Архаизам

рецептура повеќе

мн. рецептури
Вид збор: Именка, женски род
Поука, пристап во извршувањето некаква дејност.
Примери:
Тие ја следат нејзината рецептура.