Филозофија - категорија

макрокосмос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
вселена, универзум
Англиски: macrocosm

марксизам повеќе

(едн.) марксизмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење, теоријата на Маркс и неговите соработници и следбеници за развојот на општеството што стана идеолошка основа на социјалистичките и комунистичките движења во светот.
Англиски: Marxism Германски: Marxismus

марксист повеќе

мн. марксисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на марксизмот.
Англиски: Marxist Германски: Marxist

материја повеќе

мн. материи
Вид збор: Именка, женски род
Објективна стварност што постои надвор од човековата свест и независно од неа.
Англиски: reality Албански: materje, realitet
Примери:
Просторот и времето се две битни и неделиви одлики на материјата.

материјализам повеќе

(едн.) материјализмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско учење cпоред кое материјата е почеток и основа на се.
Англиски: materialism Албански: materializëm

материјалист повеќе

мн. материјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на материјалистичкото учење.
Англиски: materialist Албански: materialist

метафизика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Идеалистичка филозофија што ги проучува основните принципи на сѐ што постои, односно појавите што се надвор од искуството, надвор од просторот и од времето, и тоа како вечни и непроменливи.
Англиски: metaphysics Албански: metafizika

микрокосмос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Човечкиот свет како мала слика на Универзумот.
Англиски: microcosm

монада повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Кај Лајбниц во себе совршена, неделива, праисконска единка.
Англиски: monad Албански: monadë

монизам повеќе

(едн.) монизмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско учење според кое во основата на светот стои еден принцип - материја или дух (идеја).
Англиски: monism
Примери:
Материјалистички монизам.

монист повеќе

мн. монисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на монизмот.

морал повеќе

(едн.) моралот
Вид збор: Именка, машки род
Систем од норми за однесувањето на членовите на едно општество.
Англиски: moral Албански: moral
Примери:
Во речиси секој аспект од нашиот живот - моралот, однесувањето, сексуалноста, семејната структура, кариерата и религиозните верувања - ние сме слободни да правиме што сакаме.
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш