obtain - онтологија

вади повеќе

вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се здобива со документ.
Албански: mirret
Примери:
Летово ќе вадам нов пасош.

добие повеќе

добијат
Вид збор: Глагол, свршен
Поприми, придобие друг лик, стане поинаков.
Албански: pranoj
Примери:
Нејзиното лице се одлепи од неговото и доби поголема облина.
Постигне зголемување во некое дејство; постигне добивка, заработи.
Албански: arriti
Примери:
Со тоа соработката доби во својот интензитет.

здобива повеќе

Види и: здобие (св.)
(се) здобиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стекнува, постигнува, заслужува нешто.
Примери:
Во моментот на акцијата предметот се здобива со нови, конкретни контури, полни со автентична смисла.

здобие повеќе

здобијат
Вид збор: Глагол, свршен
добие, стекне
Албански: fitoj
Примери:
Ја здоби довербата од сите.
(се здобие) Се стекне, постигне, заслужи нешто.
Албански: fitoj
Примери:
Тој се здоби со голем недвижен имот.

придобие повеќе

продобијат
Вид збор: Глагол, свршен
здобие, стекне
Албански: merr, fiton
Примери:
Таму тукуречи не постои човек што не придобил или што не наследил некој прекар.
Добие нов изглед, својство и сл.
Албански: merr
Примери:
Од неочекуваната вест неговите очи придобија вкочанет поглед.

стекне повеќе

стекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие, здобие, постигне, заслужи нешто.
Примери:
Стекнав уверение дека е прав.

стори повеќе

сторат
Вид збор: Глагол, свршен
(се стори) Се здобие нешто.
Албански: bëj, fitoj
Примери:
Се стори со пари по татковата смрт.